Тргнал во Бугарија со 316 кутии цигари - македонските цариници не се одморија ниту за празниците

Во текот на минатата недела и Божиќните празници, царинските службеници спречија два обиди за криумчарење цигари, повеќе обиди за криумчарење на стока. Во рацете на цариниците завршиле пумпи за вода, диодни светла, рачни часовници, лекови, калапи за накит, авто делови и облека.

Цигари

- Во првиот случај, царинските службеници во соработка со полициските службеници од граничниот премин, спречија обид за криумчарење на 31 штеки и 6 кутии цигари со македонски акцизни маркички. Цигарите се откриени при преглед на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички, пријавено за излез од државата. Возилото било управувано од бугарски државјанин, во придружба на две сопатнички, исто така бугарски државјанки. Поради невообичаената релација на движење и сомнителното однесување на патниците,  извршена е детална контрола на возилото и личен претрес на патниците. Притоа под облеката на патниците откриени се вкупно 316 кутии цигари.

- Во вториот случај, при контрола на патните торби на британски државјанин, кој се пријавил за излез од државата со намера да отпатува за Лондон, пронајдени се непријавени 23 штеки цигари со македонски акцизни маркички.

Непријавена стока

- 3 пумпи за црпење вода откриени се при контрола на празно товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените пумпи биле сокриени во просторот за палети на возилото.

-3.400 парчиња диодни светла, 12 парчиња калапи за накит, 423 парчиња рачни часовници, 580 парчиња ремчиња за рачни часовници, 55 парчиња разни лекови, 1 професионална билјард маса во делови, 216 парчиња и 65 сета разни авто делови, привремено се задржани при контрола на патничко моторно возило-комбе со косовски регистарски ознаки. Во возилото кое сообраќало на линија Истанбул-Приштина,  управувано од лицето Б.Ш. косовски државјанин, пронајдена е  поголема количина на разна непријавена стока. Стоката била сопственост на возачот и тројца сопатници во возилото (двајца косовски и еден српски државјанин). Поради основано сомневање за менување на регистарските таблички, привремено е задржано и возилото во кое е понјадена стоката.

Царината заплени и стока за која постои сомневање дека ги повредува правата од интелектуална сопственост

- 100 парчиња блузи и 180 парчиња хартиени налепници за текстил со лого на заштитени трговски марки чија вкупна вредност доколку се работи за оригинал производи би изнесувала 300 илјади денари. Стоката е пронајдена кај патник (македонски државјанин) при извршена контрола на патничко моторно возило комбе со македонски регистарски ознаки пријавено за влез во Република Македонија, кое сообраќало на релација Истанбул-Скопје.

-Непријавената стока е привремено задржана, а против пријавените поднесени се соодветни прекршочни постапки. За стоката која е привремено задржана поради основано сомневање дека претставува фалсификат на заштитени трговски марки започнати се постапки за утврдување на оригиналноста, соопштуваат од македонската Царина.

08.01.2014 - 14:01
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега