Заев и Шекеринска денеска на божиќна средба со Филе

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел ќе остварат средба со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.

Портпаролот на ЕП, Петер Стано за МИА ја потврди оваа информација, објаснувајќи дека Филе, невообичаено, на денешниот празник Божик ќе се сретне со водечката двојка на најголемата македонска опозициска партија.

- Можам да го потврдам утрешниот состанок меѓу претседателот на СДСМ и комесарот Филе, на кој ќе присуствува и госпоѓата Шеќеринска. Ова е дел од константните и тековни контакти што комесарот Филе ги има со сите партиципанти и засегнати страни од земјите во неговото портфолио. На агендата на комесарот не гледам дека ќе има друг состанок со политичари од БЈР Македонија во следните неколку денови, но дефинитивно ќе има повеќе во текот на оваа година, која ќе биде многу интензивна, вели Стано за МИА.

Тој не открива што ќе се зборува на состанокот, но, се очекува главна тема да биде евроинтегративниот процес на Македонија и улогата на опозициската партија во него е главна тема на утрешните разговори.

За тоа кога ќе се одржи следната рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што во заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет беше потенцирано како клучна алатка во односите меѓу Унијата и Македонија, гласноговорникот на Филе со одговор: За ХЛАД-от нема специфичен датум, но можам да потсетам што кажа комесарот во однос на следната рунда од Високио дијалог со Македонија, а тоа е дека според условите, кога ќе имаме датум ние ќе објавиме кога истиот ќе се одржи во Скопје.

 

07.01.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега