Заев и Шекеринска утре на божикна средба со Филе
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска, утре во Брисел ќе остварат средба со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, објавува МИА.
Портпаролот на ЕП, Петер Стано за МИА ја потврдил оваа информација, објаснувајќи дека Филе, невообичаено, на утрешниот празник Божик ќе се сретне со водечката двојка на најголемата македонска опозициска партија.
- Можам да го потврдам утрешниот состанок меѓу претседателот на СДСМ и комесарот Филе, на кој ќе присуствува и госпоѓата Шеќеринска. Ова е дел од константните и тековни контакти што комесарот Филе ги има со сите партиципанти и засегнати страни од земјите во неговото портфолио. На агендата на комесарот не гледам дека ќе има друг состанок со политичари од БЈР Македонија во следните неколку денови, но дефинитивно ќе има повеќе во текот на оваа година, која ќе биде многу интензивна, вели Стано за МИА.
Тој не открива што ќе се зборува на состанокот, но, се очекува главна тема да биде евроинтегративниот процес на Македонија и улогата на опозициската партија во него е главна тема на утрешните разговори.
За тоа кога ќе се одржи следната рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што во заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет беше потенцирано како клучна алатка во односите меѓу Унијата и Македонија, гласноговорникот на Филе со одговор: За ХЛАД-от нема специфичен датум, но можам да потсетам што кажа комесарот во однос на следната рунда од Високио дијалог со Македонија, а тоа е дека според условите, кога ќе имаме датум ние ќе објавиме кога истиот ќе се одржи во Скопје.
Она што е интересно е што по официјалниот Божикен и новогодишен одмор на сите европски институции овде во Брисел, на првиот работен ден, Република Македонија се врати на агендата на ЕУ. За денеска и утре, на агендата на еврокомесарите е само средбата Филе-Заев, како и денешниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо со новиот министер за надворешни рбаоти на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, како и утрешната посета на Барозо на Париз и состанокот со претседателот на Франција, Франсоа Оланд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа