Охридските коледарчиња дел од првата Бадникова литија во Охрид

 

Со традицинална коледарска песна низ улиците на Охрид денеска се одржа празнична Бадникова литија, посветена на големиот православен празник Христовото раѓање – Божиќ.

Група од стотина деца од градот, утрово тргнаа од црквата „Свети Ѓорѓија“ во населбата Горна Влашка маала, и со песна се упатија низ градот.

На Градскиот плоштад тие беа пречекани од претставници на локалната самоправа која ги даруваше со коледарски пакетчиња, за поворката да заврши во црквата „Света Богородица – Каменско“ каде сите учесници на литијата добија осветени крстчиња и книги со верска содржина.

Парохискиот свештеник во црквата Каменско, отец Димче Азески, за литијата рече дека претставува исполнување на евангелските записи, изразувајќи уверување дека традицијата ќе продолжи како настан што масовно ќе ги обединува верниците, навестувајќи го Христовото раѓање.

06.01.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега