Бошкоски од Идризово ги честита празниците
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, од затворот „Идризово“ им ги честита празниците на православните христијани, соопштуваат од партијата.
-Христос се роди, вистина се роди! На Македонија, повеќе од кога и да е, и е потребен триумф на правдата и вистината, особено заради претстојните избори за претседател на државата, кој како татко на нацијата треба да биде клучен креатор на демократијата на сите граѓани, стои во честитката од Бошкоски.
06.01.2014 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа