Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

 

 

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ АЛФА, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи дека за овој инфраструктурен проект државата доби грант од Европската Унија со кој наскоро ќе започне изработката на физибилити студии.

-Ние вчера на седница на Влада прифативме грант од 5,3 милиони евра, кој што е доделен од страна на Европската Унија во соработка со Европската банка за обнова и развој и во следните година и половина треба да работат на изработка на физибилити студија, еколошка студија и останатите студии и кога ќе ги имаме овие документи, јасно ќе знаеме колку ќе чини проектот и на кој начин ќе биде реализиран. Јас очекувам по завршувањето на овие студии, градбата да трае некаде од две до две ипол години, што значи дека некаде за 4 години од денес, да имаме комплетно реконструирана пруга од Скопје до Кичево, со убава и модерна сигнализација и електрифицирана, затоа што досега можеа да сообраќаат само дизел возови, истакна вицепремиерот Александар Николоски, се вели во соопштението од Министерство за транспорт.

20.08.2025 - 16:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега