ВИДЕО: „Тајниот живот на Волтер Мити“ во македонските кина

Кинопремиерата на „Тајниот живот на Волтер Мити“, во дистрибуција на МЦФ МКД, е на 9 јануари.  Римејк е на истоимениот филм од 1947 година, според приказната на Џејмс Турбер од 1939.

Бен Стилер е режисер и ја игра главната улога во оваа комична авантура за сонувачот кој, бегајќи од својот анонимен живот, се губи во светот на фантазиите исполнет со херојски дела, романса и акција.

Волтер работи во фотографската архива на познатиот светски магазин „Лифе“. Кога неговата и работата на симпатијата, колешката Шерил, ќе бидат загрозени, тој мора да преземе нешто во вистинскиот свет. Тогаш се впушта во авантура поневеројатна од се што некогаш можел да замисли.

Комедијата критичарите ја опишаа како „новиот Форест Гамп“, „визионерско и духовито остварување“, „потсетник дека соништата треба да се живеат“.

Во филмот играат и Кристен Виг, Шон Пен, Адам Скот и Ширли Меклејн.

06.01.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега