Институтот за трансфузиона медицина се поднови со нова опрема

На Институтот за трансфузиона медицина денеска ќе биде промовирана нова  медицинска опрема.

Дел од опремата е инсталирана на одделот за имунохематологија. Станува збор за два апарати во амбулантниот оддел за одредување артериска периферна циркулација со кои компјутерски се одредува протокот на крвта низ артериските крвни садови.

Исто така и во лабораторискиот дел, инсталирани се два нови автоаналајзери за имунохематолошки испитувања на крвта на пациенти. Тие ќе се користат за анализа на крвна група и Рх фактор на пациенти, бремени жени и новородени, како и за скрининг и идентификација на антитела. 

06.01.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега