Охридското Езеро порибено со ендемичниот вид пастрмка обезбедена преку вештачки мрест

 

По прекин од шест години Охридското Езеро денеска повторно е порибено со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, одгледан во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Станува збор за здрав подмладок со тежина од некаде 3,5 грама од единка, собран зимата по пат на вештачко измилзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрест на Заводот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на пуштањето на подмладокот во езерото, истакна дека станува збор за активност што се спроведува според договорите и програмата од 2024 година, што предвидуваа порибување на езерото со 400 илјади парчиња подмладок одледан во Хидробиолошкиот завод и 200 илјади единки обезбеден од мрестилиштата на Институтот за сточарство.

-Иако договорениот минумум беше 400 илјади, во Хидробиолошкиот завод се одгледани 620 илјади единки, што е показател дека по шест години продолжуваме да го порибуваме езерото со националното богатство, а тоа е охридската пастрмка, рече тој.

Трипуновски истакна дека согласно неговите ветувања од претходно, веќе се склучени и новите договори за порибувањето на Охридското Езеро за 2026 година, со зголемување на средствата што се обезбедени за таа намена.

-Согласно договорот, за Хидробиолошкиот завод издвоени се 3,3 милиони денари, а за Институтот за сточарство 1,7 милиони денари. Вкупниот број одгледани риби од Заводот треба да бидат најмалку 1,1 милион единки, додека Институтот 570 илјади единки. Тоа значи дека езерото нардната година треба да биде порибено со најмалку 1,6 милиони едински подмладок пастрмка, рече Трипуновски.

Порибувањето на езерото е редовна активност на Министерството, во рамки на обврската што согласно Законот за рибарство и аквакултура ја има државата за порибување на рибoловните води и риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции. Вештачкиот мрест и порибувањето на езерото го вршат Хидробилошкиот завод од Охрид и Мрестилиштето „Шум“ од Струга.

15.08.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега