Божикен ручек за 400 деца од Македонија

 

 

Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп на 7 јануари - Божик ќе го организира заедничкиот Божикен ручек за децата од Македонија.

- Годинава Божикниот ручек е за 400 деца од Скопје, Ресен, Штип, Битола, Струмица, Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат: децата без родители, децата на бранителите, деца со посебни потреби, како и деца членови на Детската амбасада за сите деца во светот, изјави на денешната прес конференција  Александра Северкоска Стојаноски извршен директор на невладината организација.

Ручекот ќе се одржи во прилепскиот хотел „Кристал палас“, а поканети се децата и од другите верски заедници во земјава.

- Се е во интерес на Конвецијата за правата на децата и според мотото на Детската амбасада „Едно небо за сите деца“, вели Северкоска Стојаноски.

 

03.01.2014 - 12:31
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега