Трамп збесна: Кој не ги почитува законите за имиграција - ќе си плаќа казни

 

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише нова наредба за казнување на сојузните држави кои не ги почитуваат законите за имиграција. Со наредбата ќе им биде наложено на федералните обвинители и на секретарот за внатрешна безбедност да утврдат во рок од еден месец кои американски градови и држави не ги почитуваат федералните закони за имиграција, изјави анонимен претставник на Белата куќа.

Минатата недела федерален судија ја блокираше одлуката на администрацијата на Трамп да им се скратат федералните средства за судските власти во десетина држави и градови кои одбија да спроведат строги владини мерки против мигрантите.

„Претседателот Трамп планира денес да потпише извршна наредба против нив, што ќе доведе до ескалација кон државите и градовите предводени од демократите кои не соработуваат целосно со федералните имиграциски власти“, рече претставникот.

Во првите 100 дена од мандатот, Трамп презеде итни чекори за одземање на правниот статус на стотици илјади луѓе, отворајќи го патот за потенцијална депортација на многумина, наведуваат агенциите.

28.04.2025 - 17:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега