Маја Иванова ќе ги израдува дечињата на Клиниката за детски болести

Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, денеска ќе ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и ќе ги израдува дечињата со новогодишни подароци .

Заедно со членовите на Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за млади лидери (ИСЛАА), на децата кои се лекуваат на клиниката Иванова ќе им подели новогодишни пакетчиња, сликовници, како и играчки изработени од нивни врсници од градинките ширум Македонија, во рамки на хуманитарната акција „Прегратка на дар“.

Со овој настан, трета година по ред, започнува делењето на играчките низ цела Македонија, кога децата ќе ги израдуваат своите врсници кои мораат да останат во болница, посакувајќи им искрени желби за подобро здравје.

Изработени се над 7.500 играчки кои што покрај болниците, ќе се поделат и во домовите за деца без родители, СОС детско село, како и други институции од ваков карактер. 

31.12.2013 - 08:56
Фото: 
marii.com.mk

 Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега