Утврден идентитетот на момчето кое денеска беше убиено во Кавадарци
32 годишниот Дејан Д. е лицето кое денесека беше убиено во Кавадарци. Како што веќе објави Press24 тој беше пронајден мртов во подрумските простории на зградата на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Дејан бил претепан од М.Н. по кого полицијата се уште трага. Иако бил префрлен во кавадарчеката болница лекарите не можеле да направат ништо повеќе за да го спасат неговиот живот.
Според првичните и неофицијални информации станува збор за регистрирани нарко-зависници.
30.12.2013 - 23:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа