Еден загинат тројца повредени - ова е епилогот од стротната несреќа на Галичица
Едно лице загина а три се повредени по денешната несреќа на планината Галичица, објавува ТВ Алфа.
Станува збор за албански државјани, но, нивниот идентитет сеуште не е познат. Неофицијално, лицата се загубиле движејќи се по непристапниот, стрмен предел на околу 1.200 метри надморска височина, во подножјето на највисокиот врв Магаро.
Екипите на полицијата, на Црвениот крст, на ЦУКС и медицинската екипа успеале да ги евакуираат тројцата полесно повредени, а било извлечено и телото на загинатиот, кој имал повреди на главата и на градниот кош.
Сеуште не се знае зошто четворицата албански државјани се искачувале на овој опасен терен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа