Домаќините на гости крадците на "работа" - тетовчанец остана без 8000 евра и злато
Тетовчанец синоќа останал без 540 илјади денари. Во периодот помеѓу 16 и 21 часот и 30 минути засега непознати сторители влегле во куќата на 41-годишниот Б.М. Крадците си заминале со осум илјади евра и неколку парчиња златен накит со што направиле штета од 540 илјади денари.
Како што пренесува МИА; кражбата била извршена на тој начин што крадците го отвориле прозорецот во салонот во приземјето, а потоа се искачиле во спалните на катот, пребарале што им дошло при рака и ги земале парите и златото.
Полицијата работи на случајот.
30.12.2013 - 14:35
Фото:
Евести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа