Момче пронајдено мртво во подрум во Кавадарци - убиецот е во бегство
Крвав призор ги потресе станарите од улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Како што дознава Пресс24, денеска околу 12 часот, во подрумските простории на зградата на улицата „Страшо Пинџур“, било пронајдено мртвото тело на 33 годишниот Дејан Д. Според информациите до кои дојдовме, Дејан бил крвнички претепан од М.Н., кој во моментов е во бегство. Двајцата кавадарчани биле уживатели на опојна дрога.
Полицијата трага по М.Н. и работи на расветлување на случајот.
30.12.2013 - 14:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа