"Ми ги однесе мајката и сестрата во гроб" - Потресен статус по трагедијата во Србија
"Јосип Т. тоа е името што ми зема се на овој свет. Нека знаат луѓето низ каква болка минуваме сега. Сестрата и мајката ми ги испрати во гроб. Секој ден ќе ти биде пекол".
Ова на социјалните мрежи го напиша синот на 43-годишната Санела и брат на 18-годишната Марија Шаулиќ од Србија, кои по сообраќајна несреќа заедно со нивното куќе изгореа во автомобил.
Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата ја предизвикал 52-годишниот Јосип Т. кој возел со голема брзина во алкохолизирана состојба.
Несреќата се случу на 4. Март во 19 часот кај Суботица. По судирот двата автомобили се превртеле на кров, а оној во кој биле несреќните мајка и ќерка се запалил.
До сега од ситрагата се знае дека Јосип возел со 2,07 промили алкохол во крвта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа