Рубио: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни
Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Ријад, во кои учествуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој прецизираше дека никој нема да биде игнориран, а Европската унија ќе биде вклучена во преговорите во некоја фаза.
-Сите кои се вмешани во конфликтот во Украина треба да бидат согласни за одлуката за негово прекинување. Целта на преговорите за ставање крај на војната во Украина е да се постигне праведен, траен и одржлив мир, истакна Рубио.
Тој сооппшти дека во Ријад е постигнат договор со Москва во четири области.
-Следните чекори вклучуваат воспоставување остварливи дипломатски мисии меѓу САД и Русија, рече Рубио.
Американскиот државен секретар прецизираше дека ќе бидат назначени тимови за враќање на функционалноста на амбасадите во Москва и Вашингтон.
-Има уште работа да се заврши. Денешната средба беше првиот чекор од долгиот и тежок пат, нагласи Рубио и изјави дека Москва покажала подготвеност да се вклучи во сериозниот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа