Стружанец фатен со дрога при излез од фабрика за медицински канабис во Охрид
Вчера во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П.(41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис.
Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
12.02.2025 - 15:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа