Зејнелов ја убил Емилија, па со нејзините пари заминал во коцкарница, потоа се пријавил во полиција
Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева, денеска во Основниот суд во Штип на вовоедните и завршни зборови побараа обвинителот во Основното јавно обвинителство и двајцата адвокати на семејството Пешеви. На Зејнелов му се суди за кривично дело убиство извршено при семејно насилство или фемицид.
Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.
Обвинетиот Зејнелов ја призна вината и рече дека мотивот за убиството е неверство.
Родителите на Емилија Пешева сметаат дека правдата за нив е доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка. Тие сведочат дека Зејнелов по извршување на убиството веднаш не се пријавил во Полициска станица Штип, туку заминал да ги потроши во коцкарница парите кои ги земал од нивната ќерка, а има и десетина повици упатени кон мајката на Емилија за да праша дали нејзината ќерка се вратила дома. Откако се осигурал дека Емилија не се вратила дома, се пријавил во Полициска станица-Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа