Паднаа цените на златото и нафтата

 


Европските берзански индекси денеска се нееднакви, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите го чекаат обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.297,42 поени, францускиот CAC 40 на 7.845,31 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.543,25 поени, а московскиот MOEX на 2.937,45 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.285 долари, а цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 78.859 долари.

Европските фјучерси на гас за февруари се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 49.420 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.753,44 долари за унца, а на пченицата на 5,5065 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

 

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03989, што е приближно исто како и вчера.

23.01.2025 - 10:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега