ФОТО: Вреден министер - ги засука ракавите и го исчисти дворот на министерството
Заедно со колегите од Министерството, се приклучивме на “Генералка викенд 2025” во организација на Man and Mountain!, напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на социјалните мрежи.
Генералка викенд е поттикната да го исчисти отпадот во Македонија до 2031 година. Идејата е да се собере отпадот и да се рециклира, за да имаме чиста, зелена и средена околина.
Ние денес го исчистивме делот околу министерството, ве повикувам и вас да се приклучите на акцијата во текот на целиот викенд и заедно да бидеме дел од зелената иднина!, стои во објавата на Андоновски на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа