Руте пресече: Не сум ветил членство на Украина во НАТО во мировниот договор
Постои согласност дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но никогаш не се согласивме дека како дел од мировниот договор ќе има гарантирано членство на земјата во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Марк Руте.
– Такво нешто никогаш не беше договорено. На долг рок, сојузниците на НАТО рекоа да, ќе има перспектива за членство во НАТО. Но, тоа е на подолг рок, а не за мировните преговори што се водат во моментов, рече Руте на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц по нивната средба во седиштето на Алијансата во Брисел.
Руте додаде дека во моментов постои тесна соработка меѓу НАТО и Украина во доставување воена помош и во обуката на припадници на украинските вооружени сили, а заедно се учат лекции од искуството во војната на украинска територија .
Генералниот секретар на НАТО истакна и дека е среќен што американскиот претседател Доналд Трамп успеал го пробие ќорсокакот и што се постигнува напредок во напорите за ставање крај на војната во Украина.
Мерц, од своја страна, изјави дека Трамп синоќа го информирал за неговиот план за 30-дневено безусловно примирје во Украина, што, како што рече, знае дека целосно го подржуваат главните европски држави, а се надева и целата Европска Унија и НАТО
– Постои шанса, по овој викенд, да се постигне 30-дневно примирје во Украина. Топката сега е исклучиво во дворот на Москва. Само таму ќе биде одлучено дали има шанса да се овозможи подолг прекин на огнот во Украина, а потоа и да се создаде простор за разговори за траен мир, истакна Мерц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа