Таткото на Фросина: Родителите се неми посматрачи дури и кога ќе им убијат дете
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, рече дека тие како семејство се целосно исфрлени од овој случајов и дека законот е таков што родителите целосно се отфрлени и се само неми посматрачи.
-Дури иако ти убијат дете, родителие во она што значи главен случај според ваквиот закон, воопшто не се дел од предметот и немаат право да учествуваат, ниту пак право на контрола, на било што, дури ниту на увид и зависат само од добрата волја на институциите. Да, јас јавно ќе се заблагодарам за сите коишто се дел од институциите и на нивната добра волја вклучително и добрата волја на судиите, изјави Кулаков.
Кого го штити овој закон, порача Кулаков, жртвите и оштетените или обвинетите и виновниците.
-Затоа е и оваа реакција дотолку поголема, бидејќи судот е место на правдата, а не да не убедуваат дека е голема разликата меѓу право и правда. Особено, ако ти убиле дете, а не смееш ништо и ниту можеш според закон да сториш и преземеш. Ти не си дел од ова, ти си нем посматрач, никој и ништо. Само дете ти убиле, изјави Кулаков.
Според Кулаковски, ако судијката Даниела Алексовска го судеше Васил за трговија со дрога, тој ќе беше во затвор, а денеска Фросина ќе беше жива.
-Наместо Судскиот совет да ја обвини за директно одговорна особено што се служи со судски преседан и непознати за судска пракса работи само со цел да го пушти Васил на слобода, така тета судијка Даниела го овозможи убиството на Васил, оставајќи го на слобода, а уште посрамно е што Судскиот совет во најсрамен и недостоен манир ја бранат судијката Даниела, длабоко понижувајќи ја токму институцијата Судски совет, служејќи се со најдолни финти, држејќи се за формула „пази ја формата, целосно занемари ја содржината“. Токиму затоа и во целост го поддржуваме и премиерот Христијан Мицковски. Во целост кога кажа, ќе излезам и ќе протестирам пред Судски совет. Да, ние со него рамо до рамо ќе излеземе и ќе протестираме за судијката Даниела Алексовска повеќе да не биде судија, бидејќи она го овозможува убистовто на Васил, изјави Кулаков.
Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов, откако на судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа