Бројот на грипосани се искачи на 746 - шест лица имаат свински грип

 

Во текот на 51-вата недела од 2013 годинава во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 161 лице со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 51-вата недела од минатата сезона се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица.

 

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014заклучно со 51-ва недела, изнесува 746 лица.Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоциранисо инфекции со вирусот на грип. Во споредба со истиот период минатата годинапостои зголемување на вкупниот број на заболени лица за 46,6%, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години, зголемувањето на бројот на заболени во оваа сезона изнесува 4 пати.

 

Во текот на 51-вата недела,пристигнати се пет материјали за тестирање во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ и потврдено е присуство на инфлуенца вирус А/H1 во еден материјал, а останатите четири се негативни.

Од почетокот на сезоната 2013/2014, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 21 хуман материјал од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 6 или 28,6% биле тестирани позитивни на вирусот на инфлуенца А/H1.

 До крајот на 51-вата недела, против сезонски грип се вакцинирани вкупно 23.970 лица и со тоа, потрошени се сите набавени вакцини во јавно-здравствените институции кои се овластени за вакцинација против грип.

Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години иако МБ во оваа група е најмал (2,8/10.000), а најголем МБ  е регистриран кај најмладите - децата до 4-годишна возраст и изнесува 9/10.000 жители.

27.12.2013 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега