Изгореа две плевни во тетовско

 

Пожар избувнал синоќа во тетовското село Порој и пепелосал две плевни. Според податоците од МИА, пламените јазици избувнале во 2 часот и 30 минути по полноќ во плевната на 65-годишниот Џ.М.

Опожарен е покривот на објектот, 600 бали детелина, 100 бали сено, два тона пченка, еден апарат за молзење, како и мотор за наводнување. Огнот ја зафатил и соседната плевна на 50-годишниот Е.Б. при што изгорел дел од нејзиниот покрив и околу шест тони пченка. Во пожарот нема повредени лица, ниту добиток.

Огнот предизвикал материјална штета од околу 480 илјади денари.

26.12.2013 - 13:50
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега