НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА БЕГСТВО ОД СКОПСКИОТ СУД: Затвореник ги нападнал полицајците
Затвореник кој бил спроведуван од затвор кон Скопскиот Кривичен Суд попладнево ги нападнал полициските службеници обидувајќи се да избега, дознава Пресс24.
Инцидентот се случил околу 12:45 кај задниот влез на судот од страната на гаражите.
19 годишниот Арсим А. од слеото Љуботен при спроводот ги нападнал полицајците и обезбедувањето од затворот но веднаш бил совладан.
Случајот во полиција го пријавил командирот на судската полиција.
26.12.2013 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа