Откриено кафуле во Охрид полно со петарди
Во нова акција на охридската полиција се запленити 7000 парчиња петарди во охридското село Лескоец.
Според податоците на полицијата, петардите биле чувани во магацински простор од кафетеријата „Фул“, во сопственост на 45-годишниот Љ.Џ. против кого ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Пред два дена, во две одвоени акции на пазарот во Струга беа запленети вкупно 4.212 различни пиротехнички средства.
26.12.2013 - 13:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа