Путин: Нема преговори со Зеленски, само со легитимни власти
Во тек е традиционалната годишна прес-конференција на претседателот на Русија, Владимир Путин, во формат „Резултати на годината со Владимир Путин“.
На прашањето на движењето „Втора Украина“: под кои услови ќе почнат преговорите со Киев? Ако не со Зеленски, тогаш со кого, Путин потсети дека Зеленски повеќе не е де јуре претседател, сега, според украинскиот устав, легитимна е само врховната Рада.
„Сè додека има нелегитимен претседател во Украина, сите други власти стануваат соучесници во неговите злосторства“, одговори тој, пренесува „РИА новости“.
Путин уште еднаш потсети дека Москва никогаш не одбила да преговара.
„Ќе разговараме со сите, но ќе потпишеме само со оние што се сметаат за легитимни“, нагласи рускиот претседател.
Путин рече дека во неговиот јунски говор со предлози за Украина сè е кажано и дека нема смисла тоа да се повторува.
„Русија е подготвена да води дијалог за Украина без предуслови, но врз основа на Истанбулските договори и реалноста на теренот“, пренесе ТАСС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа