МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2024/2025 година

 


Министерството за социјална политика, демографија и млади  ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

 

19.12.2024 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега