Фетаи: Борбата против корупцијата клучна во патот на Македонија кон ЕУ
Вицепремиерот Арбен Фетаи, одржа воведно обраќање при презентирањето на Првото упатство за интегрирање на мерките против корупција во поглавјата и кластерите на преговорите со Европската Унија.
Овој проект, поддржан од Владата на Шведска и имплементиран од страна на UNOPS, е важен чекор во напредокот на нашата реформска агенда.
Потпретседателот Фетаи истакна дека борбата против корупцијата е врвен стратешки приоритет за Владата на Македонија, со фокус на зајакнување на механизмите за спречување и справување со неа на сите нивоа.
Преку ова упатство Владата има за цел: зајакнување на институционалните капацитети за идентификување и справување со ризиците од корупција; создавање на модел на набљудувачки центар за следење на случаите на корупција, базиран на најдобрите практики на земјите-членки на ЕУ; изградба на унифициран пристап на Владата и стандардизирани мерки кои ќе ги зајакнат транспарентноста, интегритетот и отчетноста.
Фетали вели дека овие чекори се од клучно значење за приближување на Македонија до стандардите на ЕУ и за враќање на довербата на граѓаните во државните институции.
Тој им се заблагодари на владата на Шведска и на UNOPS за нивната постојана поддршка, како и на сите оние кои придонесуваат во овој трансформативен процес за гарантирање на европска иднина за нашата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа