Тошковски и врати на Кузеска: Ти знаеш само да лажеш, ама не те тужам

 

Министерот за внатрешни работи преку видео порака и возврати на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за прес-конференцијата, на која порача дека ВМРО-ДПМНЕ има некаква вмешаност со бегствоото на Груби. Првиот човек на полицијата и се заблагодари, бидејќи како што кажа уште еднаш докаже на јавноста дека СДСМ лаже.

Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и доставило известување до Обвинителството, а кривична пријава ќе биде поднесена по консултација со обвинителот.

Министерот вели дека МВР ќе поднесе кривична пријава против еден од полицајците на граничниот премин „Блаце“, за кого имале снимен доказ дека не постапил според прописите и му дозволил на Груби да излезе од државата.


Тошковски нагласи дека портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска изнела класична клевета, но дека нема да ја тужи, затоа што смета дека на опозицијата треба да и се даде шанса да се оправи со тек на време.

СДСМ денеска го повикаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија. Во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.

-Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки, велат од СДСМ.

19.12.2024 - 17:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега