Скопски Бит Пазар под полициска опсада
Зголемено присуство на полицијата и утрово може да се забележи во близина на Пластичарската улица во Скопје. Протестот на локалното население продолжува и денеска и тоа со блокаа на надвозникот кај Бит Пазар. Жителите простестираат поради тоа што останале без струја по дефектот на трафостаницата, која изгоре поради преоптовареност по неконтролираното крадење на струја. Жителите вчера не им дозволуваа не екипите на ЕВН да го отклноат дефектот.
Неофицијални извори од ЕВН за Press24 велат дека локалното население не им дозволува да направат целосна реконструкција на трансформаторот бидјеќи стравува дека со новата опрема кражибтена струја ќе бидат оневозможени.
ЕВН Македонија веќе подолг период има проблем со оваа точка во Скопје. Како што веќе објави Press24 токму на Пластичарската улица има најголема потрошувачка на струја а најмала наплата на сметките. Бидејќи електричната енергија се троши неконтролирано и го надминува капацитетот на трансформаторот, често се случуваат дефекти. ЕВН останува на намерата да го реализира проектот за целосна реконструкција на овој трансформатор и негова дислокација, но локалното население не им дозволува на екипите да се доближат до местото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа