Утврден идентитетот на мажот кој почина среде улица во скопско Топанско Поле

 

Полицијата го идентификуваше мажот кој денеска попладне панда и почина на улицата Македонско-косовска бриада во скопската населба Топанско Поле. Според информациите, станува збор за 65 годишниот Фазли Демири од Скопје. Како што веќе објави Press24 на Демири во еден момент му се слошило по што паднал на земја и починал. Полицијата и Јавниот обвинител веднаш излегле на терен. Според првичните неофицијални информации, на телото на Демири не биле пронајдени траги на насилство но Јавниот обвинител наредл обдукција

25.12.2013 - 23:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега