Претседателката на Судскиот совет, Дамева поднесe неотповиклива оставка

 

 


Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Нејзиниот мандат секако би завршил за една недела.

Инаку, Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата.

На оваа одлука реагираа повеќе политичари, судии, обвинители и адвокати според кои без разлика на сѐ, нејзиниот мандат завршува за една недела.

На собраниската седница за пратенички прашања реагираше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот.

02.12.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега