Гази Баба прогласена за најинклузивна општина во Македонија

 


Општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Република Македонија, соопшти градоначалник Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој општина Гази Баба успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението „Отворете ги прозорците“.

За добиеното признание, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на социјалните мрежи во која напиша:

Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Среќен сум, што нашата заложба за обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца од општината се спроведува во пракса, а доказ за тоа е ова признание – напиша Стефковски.

Изминатиот период, општина Гази Баба реализираше повеќе проекти во оваа насока. Беа отворени сензорни соби во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари, а дополнително се отвори катче во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.

08.11.2024 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега