Тринаесет лица загинаа во Нови Сад

 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации- 13 луѓе загинале откако се урна напладне бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.

Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.

„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.

Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години

 

01.11.2024 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа