Пишана една од најголемите казни на македонските патишта: Возач заработи казна од 4250 евра

 


Денеска околу 12 часот во близина на касарна Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.


При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 96 став 1 и став 5 во висина од 2500 евра за правно лице и 750 евра за одговорно лице во правно лице и по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

01.11.2024 - 16:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега