Подгответе се: Следната недела температури под нулата
Под влијание на долго најавуваниот значително постуден бран кој се спушта од север, од недела, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во споредба со сегашните. Сепак, и покрај ова продолжува сушниот период, односно стабилното и суво време без никакви врнежи.
За време на овој викенд ќе дува северен ветер, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.
Следната седмица исто така ќе имаме многу постудени утра со појава на умерени мразеви, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Се на се, како што и претходно кажав, овој студен бран особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, кога ќе биде особено студено. Токму поради ова, за следната седмица доколку излегувате во утринските часови, задолжително ви препорачувам со себе да си ја понесете ваша топла облека, зошто навистина и тоа како ќе ви биде потребна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа