Објавен идентитетот на Македонецот кој загина во Нови Сад
Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во денешната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија, а неговата возраст не е наведена.
Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.
Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вечерва:
Васко Саздовски од Македонија (возраста и местото на живеење засега се непознати)
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа