Филипче: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања
ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите до сега. Големо е разочарувањето во јавноста дури и кај оние кои гласаа за нив, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Битола на состанок со членови и симпатизери на партијата.
-ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања во јавноста, особено во делот на политичка одговорност. Нема одговорност за никој кој го прекршил законот. Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за партиски кадри кои се фатени во криминал, рече Филипче.
Наши гласачи кои не гласале или решиле да не казнат масовно пристапуваат назад, СДСМ се консолидира и од оваа есен започнува организирано и силно политички да делува. Верувам дека можеме брзо да го подобриме резултатот и да се вратиме на победнички патеки. СДСМ е единствена партија која може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Филипче.
ЗНАМ и Максим Димитриевски откако се влезени во власта потврдија дека ги интересирале само фотелјите, додаде тој.
-Тие поддржуваат антисоцијадемократски политики и се само подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Она што јас прв го алармирав сега се покажува како точно а тоа е дека неговата улога беше само да го подели СДСМ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Битола.
21.08.2024 - 23:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа