ВИДЕО: Тепачка во турскиот парламент, се судрија пратениците од партијата на Ердоган и опозицијата

 

На седницата на турскиот парламент дошло до тепачка, јавува „Канал 8“.

Седницата што ја иницираа претставниците на опозицијата брзо се претвори во хаос и физички пресметки по изјавите на претставникот на работничката партија, Ахмет Шик насочени против владејачката АКП партија, на претседателот Реџеп Ердоган.

Тензиите ескалираа речиси во моментот кога Шик зеде збор, што предизвика жестока реакција кај толпата, која набрзо прерасна во тепачка.

Потпретседателот на Собранието Бекир Боздаг беше принуден да ја прекине седницата на 15 минути за да се воспостави ред.

Причина за сето ова беше претходното исфрлање од парламентот на пратеникот Џан Аталај, кој беше осуден од Врховниот суд на 18 години затвор „за помагање во обидот за соборување на владата на Република Турција“.

Одлуката на Врховниот суд доведе до дисквалификација на Аталај како претставник, намалувајќи ја застапеноста на партијата во парламентот од четири на три места.

Сепак, Уставниот суд подоцна пресуди дека одлуката за одземање на пратеничкото место на Аталаја во парламентот е „ништовна“, што дополнително го искомплицира случајот, а сега доведе до физички пресметки.

16.08.2024 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега