15-годишно момче загина од удар на гром во Германија

 


15-годишно момче загина од удар на гром во градот Велхајм во сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Германската полиција соопшти дека 15-годишникот и уште едно младо лице за време на синоќешното невреме стоеле на ридот под дрво, пишува Шпигел. Уште едно лице е пренесено во болница со тешки телесни повреди.

Вчера силно невреме погоди делови од Германија, вклучувајќи го и Баден-Виртемберг.

Полицијата се уште не утврдила зошто двете млади лица биле на отворено, далеку од кој било град, за време на невремето. Во близина има само писта за авиони, но не е јасно дали биле на неа пред ударот на гром.

15.08.2024 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега