Следната седмица ќе имаме споен викенд

 

Во сезоната на годишни одмори, јули е без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена.

Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

До крајот на годинава неработни денови за сите ѓраѓани се:

• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,

• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

23.07.2024 - 23:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега