Лефков: Малиот Зоки, Филип, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите

 

Малиот Зоки, Филиче, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите, а во негово време луѓе собираа пари за лечење преку СМС, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија е може единствена држава во Европа каде собирање на пари за лечење се прави преку СМС пораки, тоа е работа која Филипче можеше, а не ја корегираше, рече Лефков.

„Десетина милионски матни тендери, 14 живи изгорени луѓе во Модуларната болница во Тетово, руинирано здравство, изнемоштени пациенти од лавиринтите создадени од власта, тоа се е епилогот од владеењето на Филипче, малиот Зоки и Заев.

Филипче поучен од Заев мисли дека и тој по истиот пример ќе се извлече и ќе може да обвинува за политички притисоци во моментот кога ќе се соочи со одговорност.

 

Филипче имаше шанса и не направи ништо во здравствениот систем, донесе само криминал и корупција“, посочи Лефков.

12.07.2024 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега