Левица: Мицкоски поседува часовници од 65 илјади евра - професорска плата или припадност на олигархијата?

 
Во Анкетниот лист на новиот премиер на Република Македонија се обелодени дека Христијан Мицкоски поседува часовници од над 40 ИЛЈАДИ ЕВРА и од над 13 ИЛЈАДИ ЕВРА. Ова откритие предизвикува реакција и загриженост која нè посочува кон отцепеноста на новиот премиер од секојдневните маки кои ги живее населението - наместо човек од народот, повторно со нас владее човек од елитите и послушник на олигархијата, велат од Левица.
 
„Овие часовници од ултра-лускузниот светски бренд познат по интрикантни рачни изработки се симбол за раскош кој не се совпаѓа со економската реалност во државата. Како државник кој треба да цели кон адресирање на социо-економските предизвици и кон издигнувањето на класно загрозените и маргинализирани групи во општеството, овој избор за екстравагантен моден додаток ни укажува на личните и политички приоритети на Мицкоски.
 
Дополнително, набавката не претходи на неговиот политички ангажман, туку коинцидира со времето на неговото назначување за лидер на најбогатата партија на континентот - ДПМНЕ. Со него на чело на Владата, па и преку сите министри, имаме јасен приказ дека следува период на нетранспарентност и неодговорност во кој не се очекува борба против сиромаштијата, невработеноста и останатите проблеми кои го распарчуваат нашето општество. 
 
Она по кое суштински се разликува Левица од партиите на елитата и олигарсите е воведувањето на ДАНОК НА ЛУКСУЗ и Закон за потекло на имотот на функционерите - нешто за кое не можеме да најдеме заеднички јазик со луѓето кои имаат само за цел да се луксузираат и богатат на сметка на народот“, стои во соопштението на Левица.
26.06.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега