Пијан скопјанец пукал во познаник пред неговата жена и синовите

 

Пијан скопјанец пукал во познаник пред неговата сопруга и двата сина. Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил ноќта помеѓу четвртокот и петокот.

Осомничениот, за кого барем засега не е познато на која возраст е, пијан го собрал познаникот со автомобил под изговор дека ќе разговараат и го одвел во сопствениот дом.

-Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница, велат од ОЈО.

Обвинителството бара притвор за скопјанецот кого го гоноат за кривично дело обид за убиство на подмолен начин. Кривичниот законик за ова дело предвидува казна затвор во висина од пет години или потешка казна. 

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението од Обвинителството.

16.11.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега