Интервентна на терен: Серија апсења во Скопје и Прилеп

 

Полициски службеници во седум наврати вчера во Скопје и Прилеп привеле лица кои поседувале дрога.

На 15.11.2024 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Н.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 14.25 часот во с. Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(34) од с.Кадино, скопско и Ф.З.(22) од с. Петровец затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2024 во 16.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.П.(63) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2024 во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2024 во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(23) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

16.11.2024 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега