Штипјанец и гевгеличанка завршија со лисици на рацете, полицијата им пронајде дрога
Вчера во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија. При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
26.06.2024 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа