Сека Алексиќ го фатила партнерот во неверство
Популарната пејачка Сека Алексиќ денеска е среќно мажена за сопругот Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован.
Таа проговори за своето минато во подкаст и откри дека го фатила еден од нејзините поранешни партнери како изневерува.
„Еднаш доживеав дека ме изневерува и сама го открив“, изјавила пејачката, пренесува „Блиц“, и додала:
„КОПАВ ЗАТОА ШТО ЧУВСТВУВАВ ДЕКА СУМ ВО ПРАВО. ОД НЕГО ЗАБЕЛЕЖАВ ДЕКА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА, И ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ ГО СРЕДИВ БРЗО. ГО ЧУВСТВУВАВ ТОА И ПОРАНО И САКАВ ДА РАСКИНАМ СО ТАА ЛИЧНОСТ, НО ЕТЕ, ЧЕКАВ ДА ГО ВИДАМ ЦРНО НА БЕЛО“, вели таа.
Како што кажа Алексиќ, таа веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во нејзиниот живот се појавил Вељко, нејзиниот сегашен сопруг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа